Топ Вести

ФОТО: МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ГО ОДРЖА ПОСЛЕДНИОТ ТРЕНИНГ

15.01.2015 22:35
MAJ_1689_resize

za tekst

Македонската репрезентација го одработи последниот тренинг пред почетокот на официјлните средби.

Македонската репрезентација денеска го одржа последниот тренинг пред средбата со Тунис. Хаосот што владее со закажаните термини и сали, го натераа селекторот Обрван да го откаже утрешниот тренинг, што им беше одреден во 9 часот наутро. Ако се знае дека превозот од хотелот до салата, во несносно густиот сообраќај во Доха, трае и до еден час, беше логично овој тренинг да не се одржи.

Селекторот Обрван веќе утре наутро ќе го соопши списокот со репрезентативците за средбата со Тунис и ќе се знае кои двајца наши ракометари нема да настапат на таа средба. Според очекувањата, еден од нив ќе биде голман, додека за другиот Обрван дополнително ќе се реши.

Фото:

Прочитано 1.428 пати

(1) Коментар

  1. Jaki im se papuckite haha :))

Напишете коментар


5 + 7 =