(Фото) Марко Тарабокија се здоби со сериозна повреда

27.03.2021 19:35
DAR_9900_resize

Задоволството од првата победа на Металург во плејоф-фазата на македонското првенство беше засенето од сериозната повреда на нашиот Марко Тарабокија, кој настрада по несмасниот и груб старт на Арсеновски од Еурофарм Пелистер 2.

Тоа се случи во деветата минута од средбата, а страдаше лактот и чашката на левата рака на Тарабокија, кој со амбулантно возило беше префрлен в болница.

Во меѓувреме му се врши оперативен зафат и најверојатно сепак не се работи за фрактура, туку за дисторзија, што е подобрата варијанта. Но, по местењето на лактот повторно ќе му биде снимена раката, со цел да се види евентуална површинска фрактура, честа при вакви повреди.

Засега нема прогноза колку долго ќе биде отсуството на Тарабокија, но прашање е дали Металург ќе може да смета на овој извонреден ракометар до крајот на сезоната, што е голем хендикеп за нашиот клуб, кој цела сезона ја мина во борба со повредите и со коронавирусот.

Фото:

Прочитано 505 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2