Фото: Металург 2 ги почна подготовките

05.08.2020 21:42
DAR_5902_resize

Денеска своите подготовки за новата сезона ги почна и Металург 2, кој ќе се подготвува во Скопје. Младите ракометари на Металург 2 во наредниот период ќе се подготвуваат на падините на Гази Баба и во салата Автокоманда, каде според протоколите во првите седум дена ќе работат во мали гупи од по петмина ракометари.

Металург 2 оваа сезона ќе се натпреварува во Првата лига, за која допрва треба да се одредат двете натпреварувачки групи.

Металург 2 претрпе големи промени во својот состав. Во првиот тим преминаа Дарио Кофилоски и Андреј Митиќ, додека од клубот заминаа Димитар Михајлов, Марко Трајковски, Илија Мелоски, Огнен Савковиќ, Давор Шокоски, Мартин Божиновски, Виктор Василевски, Иван Попов, Никола Стоилевски, Лука Стојановиќ, Глигор Гајиќ и Климент Ефтимов.

Во меѓувреме Металург 2 се засили со Џулијано Христоски и Стефан Трајковски од Прилеп, со Андрија Мандиќ од Еурофарм Пелистер, Матеј Тричковски од КЛ7, Филип Петровски од Алушовски и Виктор Стојанов и Виктор Вељаноски од Пролет. Од првиот тим дојде Предраг Мијатовиќ, а од нашиот кадетски тим пристапија Иван Андревски, Филип Николов, Давид Брестовац и Филип Димевски.

Фото:

Прочитано 832 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 7 =