(Фото) Металург 2 “набива“ кондиција пред почетокот на новата сезона

16.08.2018 12:31
_DSC0024_resize

Нашата млада екипа, Металург 2, која во минатата сезона го загуби суперлигашкиот статус, напорно се подготвува за предизвиците во новата сезона, во која ќе настапува во Првата македонска ракометна лига, група 1, заедно со екипите на Работнички, ЦЕМС, Весна Акумулатори (Пробиштип), Партизан (Гевгелија), Преспа (Ресен), Тиквеш 2014 (Кавадарци) и Младост (Богданци)..

Металург 2 кондиционите тренинзи ги изведува на падините на Гази Баба, додека во салата Автокоманда нашите млади ракометари вежбаат во теретаната и тактички се подготвуваат на паркетот во својата матична сала.

Металург 2 засега тренира во преполовен состав, бидејќи еден дел од ракометарите замина од клубот, еден дел е во составот на нашата кадетска репрезентација која настапува на ЕХФ-шампионатот во Грузија, а еден дел тренира со првиот тим во Маврово.

Од клубот заминаа Марко Божиновски, Адриан Тодоров, Ненад Костески, Кристијан Трајковски, Марко Богдановски, Мартин Смилевски и Лазар Ников, па екипата сега е во фаза на екипирање и на пополнување на составот, со кој ќе се натпреварува во сезоната 2018/19.

Натпреварите во Првата македонска ракометна лига ќе почнат кон средината на септември, а во првите две кола Металург 2 ќе им биде домаќин на екипите на Весна Акумулатори и на Работнички.

Фото:

Прочитано 527 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 6 =