(Фото) Mеталург ги почна подготовките за пролетната полусезона

04.01.2019 12:41
_DSC0071_resize

Со денешниот утрински тренинг, Металург ги почна подготовките за пролетната полусезона.

На денешниот прв тренинг Металург се појави во редуциран состав, без петмината наши ракометари кои се дел од подготовките на сениорската репрезентација за СП во Германија и во Данска, како и без поголемиот дел од нашите интернационалци, кои добија неколку дополнителни денови за одмор. Се очекува Металург да се комплетира веднаш по божиќните празници, на 8-9 јануари, кога ќе се појават сите ракометари, освен тие што ќе обезбедат настап на СП.

Како што веќе пишувавме, првите два дена од тековните подготовки се предвидени за тестирања и за воведни тренинзи, а централен дел од подготовките ќе биде француската турнеја, во рамките на која Металург ќе настапи на турнирот во Гренобл, а ќе одигра и три пријателски средби со екипи од најсилната француска лига.

Во Гренобл, Металург ќе настапи на престижниот турнир “Мастер Гренобл“, заедно со домаќинот, со шпанската Бидасоа Ирун, моментално второпласирана во Асобал-лигата, како и со францускиот Истра. Турнирот ќе се одигра на 19 и 20 јануари. Првиот ден ќе се одиграат двете полуфинални средби, а следниот ден натпреварот за третото место и финалето.

По овој турнир, во периодот од 22 до 24 јануари, Металург ќе одигра три пријателски средби на кои ќе ги измери силите со француските екипи Екс Прованс, Ним и Ст. Рафаел.

Првиот официјален натпревар на Металург во 2019 година е закажан на 2 февруари, со почеток во 18 часот, кога во рамките на 14. коло на СЕХА-лигата во Скопје ќе ја дочекаме екипата на ППД Загреб.

Фото:

Прочитано 405 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 9