- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
(Фото) Металург ги почна подготовките за вториот дел од сезоната

Со денешниот попладневен тренинг, Металург ги почна подготовките за вториот дел од сезоната. Денеска тренерот Димитриоски немаше на располагање дури шестмина ракометари. Тарабокија, Канкараш и Додиќ добија дополнителни неколку дена одмор, по завршувањето на нивните репрезентативни обврски, додека Хорват ќе отсуствува до крајот на јануари, бидејќи со својата репрезентација е дел од СП во Египет. Денеска ги немаше и Лазаревски и Серафимов, кои се подготвуваат со македонската репрезентација.
Во наредниот период Металург ќе ја бруси својата форма и ќе се подготвува за претстојните предизвици во Лига Европа, во плејофот на првенството на Македонија и во Купот на Македонија.
Првата официјална обврска на Металург за втората полусезона е на 9 февруари, кога дома ќе ја пречекаме екипата на Феникс Тулуз. Покрај оваа, во февруари не очекуваат уште две средби од групната фаза на Лига Европа, со екипите на Висла Плоцк и на Фиверс.
Фото: