Топ Вести

ФОТО: МЕТАЛУРГ НА ГОСТИ ВО КРАТОВО

23.12.2014 16:12
8_resize

za tekst

Претставници на Металург, на чело со директорот на Академијата Металург Тони Ристевски, вчера гостуваа во Кратово каде, по повод патронатот на ОУ “Кочо Рацин“, се одржаа две средби меѓу нашите школи од Кратово и од Македонска Каменица. Школата во Кратово, која тренира во ОУ “Кочо Рацин“, ја води Кристина Младеновска, додека гостите од Македонска Каменица, кои настапуваат под име Астра-Спорт и кои тренираат во ОУ “Кирил и Методи“ во Македонска Каменица, ги води Мирјана Гошевска.

Лошите услови и незагреаната сала во Кратово не го намалија ентузијазмот кај младите ракометарки, а гостите од Металург беа презадоволни од прикажаната борбеност во пресметките меѓу двете наши школи, како и од посветеноста на тренерите, кои ги предводат споменатите школи. Посебен впечаток остави посетеноста на натпреварите, бидејки малата сала беше преполна со љубители на ракометот, кои дојдоа да ги проследат средбите.

На програмата беа две средби, во две различни генерациски категории. Иако во вакви прилики резултатот е најмалку важен, забележавме по една победа на двете школи.

Фото:

Прочитано 663 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 2 =