(Фото) Металург обезбеди финале на турнирот “Мастерс Гренобл“

19.01.2019 21:45
50236782_2631656523518688_5843060035613097984_n_resize

Металург обезбеди настап во финалето на турнирот “Мастер Гренобл“, откако предмалку го совлада домаќинот на турнирот, екипата на Гренобл, со резултат 27:26 (12:13).

Како што е познато, Металург на овој турнир настапува со преполовен состав, без тројцата репрезентативци кои се на СП во Германија и без повредениот Димитриоски, но тоа не беше пречка нашите ракометари денеска да одиграат одличен натпревар и да го совладаат тимот на Гренобл.

Во првото полувреме се водеше рамноправна борба, но домаќинот одржуваше минимално водство. При крајот на првиот дел Металург го израмни резултатот, но Гренобл сепак успеа на одмор да замине со минимална предност, 13:12.

Се се промени во второто полувреме во кое улогите се сменија и веќе Металург беше тимот кој ја имаше контролата врз играта и врз резултатот. На крајот победата е минимална, но сосема заслужена.

Утре, со почеток во 16 часот, Металург ќе настапи во големото финале, каде за противник ќе ја имаме екипата на Бидасоа Ирун.

.

Гренобл – Металург  26:27 (13:12)

Металург: Томовски, Даниловски, Дупјачанец, Јагуриновски 2, Токиќ 3, Шилегов 4, Младеновиќ, Додиќ 1, Маџовски 3, Стојановиќ, Матијашиќ, Миличевиќ 2, Арсеновски 1, Шпенде 5, Рибеиро 3 и Пучник 3.

.

Фото:

Прочитано 442 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 6