(Фото) Прв пријателски натпревар на Металург 2 во подготовките за вториот дел од сезоната

09.02.2021 22:56
DAR_2295_resize

Металург 2 вечерва го одигра својот прв натпревар во подготовките за продолжението на сезоната, а за противник ја имаше екипата на Работнички. Ова беше и прв натпревар на Металург 2 под водство на тренерот Владимир Глигоров.

Резултат не се водеше, па не можеме да ви го кажеме победникот, иако се чини дека за нијанса подобри беа ракометарите на Работнички. Во секој случај, следевме допадлив и интересен дуел на две исклучително млади екипи.

Металург 2 се подготвува за плејофот во Првата лига, додека Работнички низ плејаутот на Суперлигата ќе се обиде да го обезбеди опстанокот во нашата најсилна ракометна лига.

Веќе утре, Металург 2 ќе го одигра и вториот пријателски натпревар, на гости против екипата на Аеродром, додека в петок во Автокоманда ќе гостува тимот на Драчево.

Фото:

Прочитано 383 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 2 =