(Фото) Ракометната Академија Металург се прошири и во Пробиштип

01.10.2018 13:21
_DSC0176_resize

Металург и неговата ракометна Академија продолжуваат со реализацијата на својот долгогодишен проект – ракометот да се донесе во секој град на нашата земја. Ракометната Академија Металург од вчера на својата мапа го има и Пробиштип каде почна да функционира нашата најнова школа – РК Весна Акумулатори. Најмладите жители на овој убав македонски град стекнаа ново спортско катче каде ќе можат да ги реализираат своите спортски желби и своите мечти. Огромното искуство што Металург и неговата Академија ги имаат во работата со млади категории гарантира квалитетни тренинзи и максимален поттик при оформување на спортската свест кај децата, а нивниот натпреварувачки дух ќе се канализира низ натпреварите во мини-лигата на Металург, каде се негуваат спортот, пријателството и желбата да се биде најдобар.

Нашата нова школа стартува со околу 40-тина деца чиј број во иднина несомнено ќе порасне, а своите тренинзи школата ќе ги држи во новата сала “Софија Петровска“ во Пробиштип. Моменталните термини се во вторник  и во четврток, од 14 до 15 часот. Но, ако има потреба, школата е подготвена да обезбеди и дополнителни термини.

Задоволство од отворањето на школата во Пробиштип изразија Сашо Ангеловски, претседател на РК Весна Акумулатори, Солунка Митева, тренер во школата, и Тони Ристески, директор на Академија Металург.

1Навистина е голема чест , па и задоволство, да се биде дел од ракометната Академија на Металург, најдобрата академија во Македонија. Очекувам дека нашите деца сега ќе имаат многу поголем мотив за тренирање и дека уште повеќе ќе ја засакаат ракометната игра. Се надевам дека многумина од нив ќе се изградат во вистински спортисти, кои ќе бидат иднината на македонскиот ракомет. Со учеството во системот на Металург, нашиот клуб добива во афирмација, а со тоа има и поголема обврска посветено да работи со децата и од мали нозе да им го развива натпреварувачкиот дух“, вели Сашо Ангеловски.

3Многу ми е мило што отсега и ние сме дел од ракометната Академија на Металург, бидејќи тоа гарантира и поголем интерес кај децата, но и поголема можност за нивен напредок во ракометната игра. Се надевам дека ќе уживаме во натпреварите од мини-лигата на Металург, каде нашите деца ќе имаат можност да се натпреваруваат со своите врсници од многу македонски градови, а тоа секако ќе биде посебен мотив за посветен тренинг и желба да се победи на тие натпревари“, изјави Солунка Митева.

2За мене, како директор на Академија Металург, нема поголемо задоволство од отворањето на нова школа, особено во внатрешноста на нашата убава татковина. Денеска во нашето семејство имаме принова – РК Весна Акумулатори стана член на нашата Академија, а градот Пробиштип е новото место од каде Металург ќе ги шири своите знаења и своите визии за развојот на ракометната игра. Особено ми е драго што на овој град ќе имаме можност да му понудиме нова спортска содржина, а на младите жители – место каде ќе можат да се развиваат во вистински спортисти и идни спорски амбасадори на нашата земја“, рече Тони Ристески.

Фото:

 

Прочитано 653 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 6 =