(Фото) Сите засилувања на Металург

30.07.2019 20:23
7_resize

Металург подготовките за новата сезона ги почна со состав кој силно се разликува од оној со кој ја завршивме претходната. Тоа се однесува како на играчкиот кадар, така и на тренерскиот.

Минатата сезона ја почнавме со Данило Брестовац (како прв тренер) и со Оливер Димитриоски (како помошник) и Петар Мисовски (како тренер на голмани).

Денешниот стручен штаб на Металург е видоизменет, па, така, прв тренер на Металург е Дамир Стојановиќ, негов помошник, но и кондициски тренер, е Марко Шешум, додека Петар Мисовски ќе продолжи како тренер на голманите.

Дамир Стојановиќ својата ракометна кариера ја почнал во белградски Земун, а продолжил во српските тимови Студентски град и Обилиќ. Интернационални ангажмани имал во турските тимови Анкара и Чанкаја Беледиеси, а бил дел од скопскиот тим Југ како и од босанскиот Грачаница. Во текот на играчката кариера играл на позицијата плејмејкер, односно како централен бек.

Својата тренерска кариера Стојановиќ ја почнал со младите категории во Земун, а потоа во 2014 година го имал својот прв интернационален предизвик со женската екипа на Патра. Во 2015 година седнал на клупата на израелскиот состав Хапоел, а изминатава сезона го предводеше унгарскиот состав Вечасу. Редовно е повикуван како тренер и асистент од страна на свои поискусни колеги со позвучни имиња, а соработувал со Штафан Олсон, Карлос Ортега, Ненад Перуничиќ, Драган Ѓукиќ.

Марко Шешум е еден од најдобрите кондициони тренери во Србија. Тој е постар брат на ракометарот Жарко Шешум, а во Металург ќе работи со двете екипите кои настапуваат во Суперлигата. Шешум има работено во тимот на Војводина.

67400812_440179176567904_8053897844253261824_n_resize

Многу измени Металург претрпе и воиграчкиот кадар.

Од клубот заминаа Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Никола Даниловски (Охрид), Бојан Маџовски (Е.Работник), Димитар Димитриоски (Вардар), Александар Шпенде (Загреб), Миха Пучник (Еш), Анте Токиќ (Ајзенах), Адријан Миличевиќ (Марибор), Тадеј Матијашиќ (Копер) и Мартин Велковски (Е.Работник).

Затоа, пак, во Металург дојдоа Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ, Реваз Чантурија, Маријан Мариќ, Даниел Ѓорѓески, Иракли Кбилашвили и Дејан Пецаковски.

Прв пристигна младиот пикер Лука Вујовиќ (19 г., 193 см, 92 кг), кој во Автокоманда дојде од редовите на црногорскиот првак Ловќен. Вујовиќ е еден од најперспективните млади црногорски ракометари. Минатата сезона Вујовиќ влезе во првиот тим на Ловќен, а до крајот на сезоната стана битен член на тимот и црногорски сениорски репрезентативец.

Мислам дека Металург е вистинската средина за мене“, ќе рече младиот Црногорец.

67512346_1125545427637783_2280074549762457600_n_resize

Следен во Автокоманда дојде црногорскиот репрезентативец Милан Поповиќ (29 г., 186 см., 82 кг.), кој потекнува од школата на Ловќен од Цетиње, а игра на позиција лево крило. Поповиќ во Металург дојде од редовите на Пелистер, каде одигра една сезона и беше најдобар играч на битолчани, со постигнати 174 гола.

67423747_712698072504423_5686680727337304064_n_resize

Како трет во Металург пристигна Грузиецот Реваз Чантурија (37 г., 178 см., 79 кг.), кој по девет години се врати во Автокоманда, каде и ја започна својата интернационална кариера. Чантурија е десно крило, а во Металург дојде во 2004 година од екипата на Шевардени од Тбилиси и остана во текот на следните шест сезони. По Металург, Чантурија беше дел од Вардар, Зомимак, Пелистер и од Струга.

67499708_2112118522250847_2820172073123446784_n_resize

Следен новак во Металург е левиот бек Маријан Мариќ, кој се смета за еден од најперспективните млади хрватски ракометари. Маријан (23 г., 193 см., 91 кг.) е брат на познатиот хрватски репрезентативец Марино Мариќ, а во Металург дојде од екипата на Зрински од Мостар (БиХ).

68463413_498929244186575_8510978103663656960_n_resize

Даниел Ѓорѓески е македонски талент меѓу стативите. Дојде како замена за Мартин Томовски и за Никола Даниловски и заедно со Даниел Дупјачанец ќе се грижи за безбедноста на нашиот гол. Ѓорѓески (25 г., 189 см., 84 кг.) потекнува од Гостивар, блесна во Работнички, а потоа настапуваше во Вардар Јуниор и во Вардар, пред да се пресели во битолски Пелистер.

Среќен сум што потпишав за еден од најдобрите клубови во Македонија. Металург е клуб со голема традиција и големи амбиции“, вели младиот гостиварчанец.

67927330_1057281194465519_3930523828987363328_n_resize

Левиот бек Дејан Пецаковски (33 г., 193 см., 98 кг.) исто така го облече дресот на Металург. Иако потекнува од школата на Пелистер, Пецаковски по четврти пат ќе го носи дресот на Металург, откако претходно за нашиот клуб настапувал во сезоните 2005-06, 2007-08 и 2013-14. Освен за Металург, Пецаковски настапувал и за Пелистер, Вардар ПРО, Зомимак М, Клуб Африкан и за Еурофарм Работник, откаде и дојде повторно во Металург.

67355099_469790986902114_5929511422269587456_n_resize

Грузискиот супер-талент Иракли Кбилашвили (21 г., 190 см.) е единственото засилување на Металург што уште не пристигна во Автокоманда, поради проблем со визата. Кбилашвили се смета за еден од најперспективните млади играчи на Грузија и тој остави одличен впечаток на IHF Emerging Nations турнирот, што пред извесно време заврши во Грузија. На тоа првенство на земји во ракометен развој, Грузија го освои првото место, а Кбилашвили постигна 15 гола од само 22 обиди. За потписот на Кбилашвили беа заинтересирани повеќе клубови, но тој во иднина ќе го носи дресот на Металург. Кбилашвили во Металург дојде од украинскиот клуб Одеса.

Фото:

Прочитано 1.866 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 1