- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
(Фото) Странците дојдоа, Металург ги продолжува подготовките

На денешниот вечерен тренинг, тренерот Димитриоски на располагање ги имаше и нашите странски ракометари, кои, по обврските со своите репрезентации и краткиот одмор, му се приклучија на тимот. Дојдоа Тарабокија, Додиќ и Канкараш, па сега само Хорват и Серафимов се надвор од подготовките, поради обврските со хрватската и со македонската репрезентации на СП во Египет.
Веќе в сабота Металург ќе го одигра својот прв пријателски натпревар. Во “Јане Сандански“, со почеток во 12.30 часот, ќе играме со Вардар. На 25 и на 26 јануари во Пеќ ќе и гостуваме на екипата на Беса, а на 29 јануари во Автокоманда ќе и бидеме домаќин на екипата на Тиквеш.
Првата официјална обврска на Металург за втората полусезона е на 9 февруари, кога дома ќе ја пречекаме екипата на Феникс Тулуз. Покрај оваа, во февруари не очекуваат уште две средби од групната фаза на Лига Европа, со екипите на Висла Плоцк и на Фиверс.
Фото: