(Фото) Тежок удар за Металург: Се повреди голманот Даниел Дупјачанец

10.10.2019 22:37
DAR_5150_resize

Покрај тоа што Металург навистина се намачи за да ги освои бодовите против аутсајдерот Струга, ни се случи и тежок пех – се повреди првиот голман на Металург Даниел Дупјачанец, еден од нашите најдобри и најстандардни ракометари. За жал, ова ни се случи непосредно пред решавачките натпревари за влез во групната фаза во ЕХФ Купот.

Даниел, во обид да одбрани еден удар, ја истегна задната ложа и во болки го напушти теренот. Во моментот немаме информација за тежината на повредата, бидејќи Даниел е однесен на преглед, каде допрва го очекуваат подетални испитувања и снимки. Тогаш ќе се знае и за должината на паузата која го очекува. Сето тоа се случи во 41. минута.

.

Прочитано 520 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 11