- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
(Фото) Забава во автобусот на Металург

Металург е на долгиот пат до Шпанија и во моментов автобусот со нашите ракометари е на неколку часа до француската граница.
Но, забавно е во нашиот автобус. Знаејќи што ги чека, клубот инсталираше во автобусот два телевизора и обезбеди две плеј стејшн конзоли, се со цел да создаде релаксирана атмосфера за време на патот долг 3000 км и 40 часа. Во тек е ПС-турнир, кој целосно го окупира вниманието на нашите ракометари. Затоа, сите велат дека минуваат многу подобро од очекуваното.
Патувачката авантура на Металург го заинтересира и врвот на ЕХФ, па високи функционери, меѓу кои и Маркус Глазер, се во постојан контакт со нашата експедиција и постојано се интересираат до каде се и дали им треба некаква помош.
Металург во Леон треба да стигне утре во текот на вечерните часови.
Средбата со Адемар Леон се игра во вторник, со почеток во 20.45 часот.
Фото: