ФОТОГАЛЕРИЈА: ЛЕТЕН КАМП НА МЕТАЛУРГ – ДЕН ПРВИ

14.06.2015 21:09
_DSC0192_resize

za tekst

Во Охрид почна првата смена на летниот камп на Металург. Повеќе од 140 деца од Скопје, Кавадарци, Виница, Кичево, Кратово, Македонска Каменица и Охрид, се сместија во хотел Бетон и ја почнаа својата летна ракометна авантура. Десетина тренери ќе ги водат разновидните тренинзи, а двајца доктори ќе се грижат за здравјето на децата. Покрај тренинзите, посебно внимание ќе се посвети и на нивната забава, на нивното дружење, а во убавите денови ќе се посетува и хотелската плажа.

Денешниот ден беше посебен. Изморени од долгиот пат децата немаа напорен тренинг. Откако се одморија, а потоа жестоко навиваа за македонската репрезентација во мечот со Чешка, го посетивме теренот за тренинг, каде се одржа едночасовен воведен тренинг.

Веќе од утре кампот стартува со комплетната програма. Ќе биде напорно, но и забавно.

Фотогалерија од денешните настани:

 

Прочитано 2.391 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 7 =