Фотогалерија: Металург ги почна зимските подготовки

08.01.2020 19:51
DAR_2702_resize_resize

По краткиот одмор поради празниците, ракометарите на Металург вечерва ги почнаа зимските подготовки.

Во Автокоманда се собраа сите ракометари, без оправдано отсутните Серафимов и Танковски, кои се дел од македонската репрезентација, како и без Чантурија и Кбилашвили, кои се со репрезентацијата на Грузија.

Денеска не тренираа Шилегов и Поповиќ, поради настинка, а тренингот го посети и Велко Маркоски, кој се здоби со повреда за време на средбата меѓу Словенија и Македонија во Словен Градец.

Маркоски нема оток на окото, но, и покрај огромната желба да и помогне на Македонија, шансите за тоа се минимални, бидејќи препорачаната пауза е од две до три седмици.

Металург и утре ќе тренира во Автокоманда, а веќе в петок ќе замине во Франција.

Фото:

Прочитано 579 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 4 =