Фотогалерија: Металург ги заврши подготовките во Скопје, утре патува за Копаоник

06.08.2019 02:31
DAR_0022_resize

Металург , со денешните два тренинга, ја заврши првата фаза од подготовките, што ги одработи во Скопје. Од утре екипата се сели во Копаоник (Србија), каде што од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки.

Со доаѓањето на Иракли Кбилашвили, тренерот Дамир Стојановиќ ги има на располагање сите ракометари, сем тие што се дел од нашата кадетска репрезентација.

На листата на повредените е само десно крило Реваз Чантурија, кој има повреда на задната ложа и кој во следните две седмици ќе тренира во лесна форма. И Чантурија ќе замине на подготовките во Копаоник.

Еве фотографии од денешниот, последен, ден од подготовките во Скопје.

Прочитано 345 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 1 =