Фотогалерија: Пионерите на Металург ги почнаа подготовките

06.08.2019 00:02
DAR_0453_resize

Најмладиот тим на Металург, нашите пионери, денеска ги почнаа своите подготовки.

Екипата и оваа година ќе ја води младиот тренер Алексо Лембанов, кој денеска на располагање имаше преку дваесет ракометари, со кои ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула освоена во минатата сезона.

Екипата воглавно ќе тренира во Скопје, но ќе има и два кратки излети во Хрватска и во БиХ. Така, за неколку дена тимот ќе отпатува во Валпово (Хрватска), каде ќе остане два дена и ќе одигра две средби. Исто така, на крајот од август нашите пионери ќе бидат дел од четвртото издание на Меѓународниот ракометен турнир за млади “Повеќе од игра“, што во Сараево (БиХ) ќе се игра во период од 30 август до 1 септември.

Фото:

Прочитано 585 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 9 =