Фотогалерија: Репрезентативците дојдоа, подготовките продолжуваат

29.01.2018 19:53
_DSC0018_resize

По завршувањето на ЕП во Хрватска, во Автокоманда се вратија нашите репрезентативци, кои во изминатиот период и беа на располагање на нашата национална селекција. Останува да се врати уште хрватскиот репрезентативец Халил Јагањац, кој поради лични причини во Хрватска ќе остане уште неколку дена и ќе се врати в петок.

За време на зимската пауза Металург спогодбено се раздели со Дарко Арсиќ (замина во Металопластика), со Божо Анѓелиќ (Ференцварош), со Костадин Петров (Пелистер) и со Дарко Димитриевски (Хапоел Ашдод).

Инаку, Металург ги продолжува подготовките за втората полусезона под водство на Александар Јовиќ и на Петар Мисовски, а наш прв официјален натпревар во овој дел од сезоната е мечот од 13. коло на СЕХА-лигата против екипата на Војводина. Оваа средба ќе се одигра на 4 февруари, со почеток во 15 часот, а ќе се игра во ВИП Арената “Борис Трајковски“.

Фото:

Прочитано 1.098 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1