Фотогалерија: Стојановски и Додиќ прогласени се за најдобри на турнирот во своите генерации

26.01.2020 15:38
83454456_209044150262188_1054132334766325760_n_resize

Во Скопје заврши првиот меѓународен турнир во организација на КЛ7 – “КЛ7 2020“.

На турнирот Металург учествуваше со сдве екипи, пионерската и кадетската.

Пионерите го освоија првото место, завршувајќи го турнирот со две победи (КЛ7 и Пик Сегед) и една нерешена средба (Вардар). Зад нас останаа КЛ7, Вардар и Пик Сегед.

Во оваа генерација, за најдобар играч беше избран нашиот Андреј Стојановски. Најдобар голман е иван Галевски, а најдобар стрелец Славчо Шулески, двајцата од КЛ7.

83459375_540996999836958_9126075235005628416_n_resize_resize

Кадетите на Металург го освоија второто место, завршувајќи го турнирот со две победи (Еурофарм Пелистер и Пик Сегед) и со еден пораз (КЛ7). Победник во оваа генерација е КЛ7, а зад нас останаа Пик Сегед и Еурофарм Пелистер.

И во оваа генерација го имаме најдобриот играч, а тоа е Стефан Додиќ. Најдобар голман е Бешок Марк од Пик Сегед, а најдобар стрелец е Емилијан Ѓорговски од КЛ7.

83433582_877139946072052_6905098438803718144_n_resize_resize

Фото:

Прочитано 596 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 12