Топ Вести

Габриела Миленковска: Искуството стекнато на летниот камп на Металург е непроценливо

23.06.2018 10:21
35671538_481819202248523_6646534557111681024_n

Првпат дел од ракометниот камп на Ракометна Академија Металург беше тренерката Габриела Миленковска, која во минатото ги бранеше боите на Металург, како дел од женската екипа.

Ми претставуваше огромно задоволство и чест тоа што бев дел од тимот што го реализира 13-от летен ракометен камп на академијата Металург, успешен пред сѐ за децата, но и за нас неколкуте тренери што годинава станавме дел од големото семејство на Металург. Искуството со кое се стекнав на ова седумдневно тренирање и дружење е непроценливо и за мене и за дечињата на кои ова им беше прво учество на ракометниот спортско-рекреативен камп на Металург. Сите заедно трениравме, се забавувавме, се дружевме и се зближивме, а најбогатите искуства ги стекнаа децата, кои развија чувство на независност, доживувајќи многу авантури далеку од дома. Кампот им овозможи безбедна средина, каде што стекнаа самодоверба и нови вештини, кои во иднина ќе им помогнат да станат подобри личности и спортисти, а ние тренерите ќе имаме подобри играчи“, истакна тренерката Миленковска по своето прво учество на кампот на Металург.

Прочитано 207 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =