РАКЧЕВИЌ: “ГО ИЗБРАВМЕ ПОТЕШКИОТ ПАТ ДО ТИТУЛАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ“

16.05.2013 18:39
DSC_77410_resize

za tekst

Зад нас се настапите на Металург во елитната Лига на шампиони и во Регионалната СЕХА-лига. Генерално, сите во и околу клубот се задоволни од постигнатите резултати, но што мисли популарниот Чико, можевме ли да одиме чекор подалеку во Лигата на шампионите или, пак, во „Автокоманда“ да го донесеме пехарот од СЕХА-лигата?

Ракчевиќ: Ова е секако најголемиот успех во клупската историја на Металург и во машкиот клупски ракомет во Македонија и сите ние што сме дел на тој успех треба да сме горди, од играчите, управата, комплетната логистика до навивачите. Сепак, сето тоа сега е зад нас. За да имаме нови успеси, треба да гледаме напред и да одредиме нови цели. Прво, основно и најважно е да се освои првенството за да можеме следната сезона да размислуваме за нов исчекор во Лигата на шампионите.

Што се однесува на СЕХА-лигата, таа мора да се гради врз принципите на регуларност, сатисфакција од добрите резултати и на афирмација на млади ракометари. Искрено, се надевам дека од следната сезона СЕХА-лигата ќе ги исполни сите предуслови за една од најквалитетните лиги во Европа.

Одлично одигравме во Лигата на шампионите и тоа е факт. Имаш ли омилен натпревар или, пак, омилен момент, за кој сметаш дека ја обележи европската ракометна одисеја на Металург оваа сезона (гостинските победи, второто место во групата, полните сали, лудилото со влезниците за нашите натпревари…)?

Ракчевиќ: Секој натпревар е посебна приказна. Имаше навистина многу квалитетни дуели и секогаш прекрасна атмосфера во салата „Борис Трајковски“. Ќе ја искористам можноста да им се заблагодарам на нашите навивачи, кои во голем број доаѓаа за да нѐ поддржат. Се надевам дека оваа убава приказна ќе има свое продолжение и во сезоната 2013/2014. Од натпреварите би го избрал осминафиналниот против Динамо во Минск. Одигравме меч за учебници по ракомет и покажавме дека сме многу квалитетна екипа.

Загубениот бод на Вардар ПРО во Струмица ни даде можност во „Автокоманда“ да ги решиме сите дилеми за шампионската титула, но не се случи тоа. Впечатокот на спортската јавност е дека Металург има многу поквалитетен тим, но, според играта и резултатот, таа разлика не се гледа или, пак, не постои. Што мисли Младен за сето ова?

Ракчевиќ: Да, имавме добра можност титулата да ја обезбедиме веќе во „Автокоманда“, но не се случи тоа. Го одбравме потешкиот пат до титулата, но јас сум голем оптимист и верувам дека пехарот ќе остане во нашите витрини. Кога веќе ни се случи, тој натпревар треба да ни послужи како поука и аларм, бидејќи победува оној што на крајот има подобар резултат, а не теоријата и математиката. Сигурно е само едно – сите до еден ќе направиме сѐ за да дојдеме до четвртата по ред титула во првенството.

Миркуловски, Маркоски, Козлина, Станиќ, Ангелов, Мојсовски, Ракчевиќ… Манасков од поодамна го нема во тимот… Долга е листата на повредени во Металург. Што е причината? Во напорната сезона, репрезентативните настапи, (не)ротацијата на играчи или од сѐ по малку? Има ли Ракчевиќ рецепт како да се успее со исцрпени играчи во преполната сала на противникот и без минимална поддршка од своите фанови?

Ракчевиќ: Напорниот календар остави трага на сите нас, но што е тука е. Ако сите ние го дадеме својот максимум, јас сум сигурен дека ќе ја добиеме екипата на Вардар на нејзиниот терен. Навивачите можат да направат убава атмосфера, но тие ниту играат ниту даваат голови. Таму ќе бидеме седум на седум, па кој ќе биде подобар, тој ќе стане и шампион. Ќе ни недостигаат нашите навивачи, но кога е ситуацијата таква, би било убаво пехарот да го освоиме во „Кале“, а заедно да го прославиме во „Автокоманда“.

Во следните две недели се решава судбината на двата трофеја во македонскиот ракомет. Ќе играме без Наумче Мојсовски и Миладин Козлина. Можеме ли одбраната на титулата во македонското првенство да ја почнеме уште в сабота, на куп-завршницата, и да покажеме дека овој Металург има капацитет и покрај многубројните малери? Мислиш ли дека победата на натпреварот што ни претстои ќе ни даде дополнителна сила за оној многу поважниот, на први јуни?

Ракчевиќ: Секако. Јас мислам дека овој меч ќе биде добра подготовка за натпреварот на кој ќе се решава за шампионот на Македонија. И покрај сите повреди, мислам дека имаме капацитет да одиграме добар натпревар и да покажеме кој е апсолутен владетел во Македонија во последните неколку години. Ќе ни биде тешко, бидејќи Вардар има мотив до небо да нѐ симне од врвот, но ние треба да одговориме со свои, уште поголеми мотив и желба. Паметни луѓе кажале дека е многу потешко да се задржиш на врвот отколку да се искачиш до него.

НАПРЕД, МЕТАЛУРГ!

GIL_4734_resize_resize

Прочитано 886 пати

(3) Коментари

  1. Tokmu povtoruvanjeto na tie zborovi najdobra sezona, najdobra sezona, najdobra sezona vo istorijata na klubot, najdobra sezona vo makedonskiot klubski rakomet dovede do cukanje vo gradi i mozno e vo narednive pomalku od 20 dena od najuspesna da stane katastrofalna sezona!!! da za nastapot vo ligata na sampioni site se raduvaa ama sto vredi istiot ako od 4 natprevaruvanja na kraj ne se osvoi ni eden trofej ??? togas se dobro ke se zaboravi i daleku vo prv plan ke izbie sozona od propast i bez razlika na se bez trofej nemas nikakov dokaz deka nesto si postignal !!!

    • Poubavo nemozese da go kazes ova, zatoa treba da se zamislat igracite dali sakaat se sto pravea poslednite 3 godini da bide zaboraveno za pomalku od mesec dena.

  2. Mislam deka mnogu ni fali Dejan Manaskov vo ekipata.Ne dzabe e onaa narodna ke osetis sto imase otkoga ke go zagubis

Напишете коментар


− 4 = 4