ГО ПРОМОВИРАМЕ ЛОГОТО НА РАКОМЕТНАТА АКАДЕМИЈА НА МЕТАЛУРГ

16.09.2013 21:23
1291117_10151729419028101_455425665_n_resize

za tekst

finalno_mk

Ракометната Академија на Металург е значајна алка во системот на ракометниот клуб Металург. Со вкупно 19 школи, за момчиња и девојчиња, и преку 800 деца во тренажен процес, Академијата прераснува во институција сама по себе. Денеска го промовираме логото на Академијата.

Еве што мисли човекот, кој е најзаслужен за основањето и резултатите на Академијата, нејзиниот директор и директор на младите категории во Металург, Тони Ристевски: “Ракометната Академија на Металург прераснува во вистинска институција. Во системот на Академијата се вклопени тринаесет школи за момчиња и шест школи за девојчиња, а во нив ракометните вештини ги стекнуваат повеќе од 800 деца. Сметам дека нашата Академија е иднината на македонскиот ракомет, а една таква институција заслужува да има свое лого, кое денеска со задоволство го промовираме“.

Еве го и списокот на нашите школи:

Момчиња:

Скопје:

Ракометна школа “Лазо Ангеловски“

Ракометна школа “Христо Батанџиев“

Ракометна школа “Автокоманда“

Ракометна школа “Љубен Лапе“

Ракометна школа “Иван Хаџи Николов“

Ракометна школа “Кирил Пејчиновиќ“

Ракометна школа “Ѓорѓија Пулевски“

Ракометна школа “Димо Хаџидимов“

Куманово:

Ракометна школа “Магдалена Антова“

Ракометна школа “Соколана“

Ракометна школа “Кочо Рацин“

Прилеп:

Ракометна школа на Металург во Прилеп

Струга:

Ракометна школа на Металург во Струга

Девојчиња

Скопје:

Ракометна школа “Автокоманда“

Ракометна школа “Кочо Рацин“

Ракометна школа “Његош“

Ракометна школа “Крум Тошев“

Ракометна школа “Стив Наумов“

Ракометната школа “Ново Лисиче“

Уписите во нашите школи се вршат во текот на целата година, а запишуваме деца генерации 2000-та и помали.

Фото:

Прочитано 1.351 пати

(4) Коментари

  1. Neka e za mnogu godini i sto poveke velemajstori na rakometot da izlezat od ovie skoli na Metalurg. Samo edna primedba momceto sto e na logoto mozelo da bide so plava kosicka i ke zalicese na Pavel Atman ne bi bilo loso, neli ! Bidejki pogolema velicina na koja treba da se ugledaaat ovie mladinci i ne postoi. Vistinska inspiracija za dostignuvanje na eden igrac.

  2. Mozelo na logoto da ima dve decinja -MASKO I ZENSKO .

  3. Dali imate rakometna skola za 1998 generacija ???ili 99

Напишете коментар


3 + 6 =