Голема гостинска победа на младинците на Металург против Вардар Јуниор

12.10.2018 09:00
_DSC0063_resize

Во првото коло на младинското првенство на Македонија, група 2, Металург 2 гостуваше кај екипата на Вардар Јуниор, еден од директните конкуренти за висок пласман. Средбата се одигра во СЦ “Јане Сандански“ и заврши со голема победа на нашите ракометари, 28:30 (13:13).

Видовме борбен и рамноправен натпревар, во кој нашите млади ракометари за нијанса беа подобри и заслужено ги освоија првите бодови.

Првото полувреме мина во комплетно рамноправна борба за секој гол. Двете екипи се менуваа во водството и овој дел заврши со резултат 13:13.

Во второто полувреме, Металург 2 поведе со резултат 15:16 и своето водство го задржа до самиот крај. Вардаровите ракометари, повеќето со суперлигашки статус, се обидуваа да дојдат до пресврт, но неколкуте израмнувања на резултатот беше се што смогнаа да сторат.

Во второто коло нашите младинци во Автокоманда ќе и бидат домаќини на екипата на Пролет.

.

Вардар Јуниор – Металург 2  28:30 (13:13)

Вардар Јуниор: Јанковски, Кукуловски 10, Наков, Јакимовски, Карапалевски 3, Кизиќ, Атанасовски, Бикоски, Ќосевски 2, К.Ангелковски, Димитровски 4, Ј.Ангелковски, Ѓоргиев 1, Мишевски 6, Цветаноски 2 и Петковски.   Седмерци: 3/7.    Исклучувања: 4 минути.

Металург 2: Божиновски, Михајлов, Кондев 2, Меловски, Кофиловски 1, Гошевски 8, Митиќ 4, Лембанов, Ристовски 4, Василевски, Л.Додиќ, Младеновиќ 5, Тодевски, С.Додиќ 6, Гајиќ и Мијатовиќ.     Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Трајковски Мирко и Василевски Ѓорѓи од Скопје.

Делегат: Саздовски Владимир од Скопје.

Прочитано 318 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 6