Горење го доби првиот натпревар, шансата на Металург е во Скопје

16.11.2019 22:35
74466977_2654502241260125_8676160832175865856_n_resize

Металург пропушти одлична шанса за добар резултат на гостувањето кај Горење во Велење. Одигравме одлично прво полувреме, но и лошо второ во кое во првите 16 минути постигнавме само два гола.

Металург одлично го почна натпреварот и имаше целосна контрола врз се што се случува на теренот. Водевме во текот на сите 30 минути, повремено и со три голови разлика. Одлично функционираше нашата одбрана, засилена од Дупјачанец и Маркоски, која не им даде шанса на брзите Словенци да ја развијат својата карактеристична игра. Во првото полувреме не дозволивме противникот да спроведе ниту една контра. Изненадени од ваквата игра ракометарите на Горење често грешеа, а им беа досудени и шест пробивања. Малото невнимание во последните две минути им даде шанса на противничките ракометари да се вратат во игра, па на одмор заминавме со предност од еден гол.

Се се промени во второто полувреме, во чиј што почеток целосно затаи нашиот напад. Во првите 16 минути од вториот дел постигнавме само два гола, со што му дадовме на противникот можност комплетно да го сврти резултатот. Сосема неосетно, по секој наш нереализиран напад, Горење ја зголемуваше својата предност, па стигна до максималните +6, 19:13 во 46. минута. Металург во преостанатото време се обиде да ја намали противничката предност и најблиску беше во 57. минута, кога Јагуриновски не реализираше седмерец за негатива од само три гола. Имавме и последен напад, кој исто така остана нереализиран. Конечниот резултат од средбата е 24:19 за екипата на Горење. Се чини дека Горење победи многу повисоко од тоа што реално го заслужи. Петте голови разлика се непријатни, но не се недостижни. Реваншот ќе се игра во Скопје на 24 ноември.

.

Горење Велење – Металург  24:19 (10:11)

Горење Велење: Бојаниќ 1, Целминс, Дробез 1, Грмшек, Хаселиќ 1, А.Кавчиќ 7, М.Кавчиќ, Левц, Матановиќ 5, Мазеј, Миклавчиќ 1, Оклесцен, Пањтар, Сол 2, Талетовиќ и Вердинек 6.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 10 минути.

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Поповиќ 3, Кондев, Шилегов, Чантурија 3, Серафимов 3, Јагуриновски 1, Танкоски 4, Мариќ 3, Кбилашвили 1, Додиќ, Маркоски, Арсеновски, Младеновиќ и Лазаревски 1.    Седмерци: 0/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Петер Хорват и Балаж Мартон од Унгарија.

Делегат: Борис Вукашиновиќ од Србија.

Прочитано 507 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 3