Горење ја одреди датата за првата средба со Металург во ЕХФ Купот

16.10.2019 15:04
getimage_class_resize

Екипата на Горење Велење, која ждрепката ни ја додели за противник во третото коло на ЕХФ Купот, веќе денеска ја објави датата и сатницата за првата меѓусебна средба со Металург.

Ќе се игра во “Рдеча дворана“, која има капацитет од 2500 места, на 16 ноември (сабота), со почеток во 20 часот. Реваншот ќе се игра следната седмица во Скопје.

Третото коло е последно пред групната фаза во ЕХФ Купот.

Прочитано 228 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 5