Горење Велење е последната пречка за Металург пред групната фаза во ЕХФ Купот

15.10.2019 11:59
RKGV_SKUPINSKA_resize

Во Виена се извлечени двојките за третото коло во ЕХФ Купот, последно пред групната фаза во ова второ по квалитет европско ракометно натпреварување.

Металург доби мошне незгоден противник во екипата на Горење Велење, трократен шампион на ракометна Словенија и моментално второпласираниот тим во актуелното првенство на оваа земја.

Екипата на Горење Велење на ЕХФ Купот му се приклучи од второто коло во кое лесно го елиминира тимот на Металопластика од Србија, со резултати 32:24 и 32:29, за вкупни 64: 53.

На првата средба, која ќе се игра на 16/17 ноември, домаќин ќе биде нашиот противник, додека недела подоцна во Скопје ќе се одигра реваншот.

.

Еве ги и останатите двојки од третото коло:

EG6PqzdX4AEpDwh.png large_resize

Прочитано 209 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 2