Грузиското десно крило Реваз Чантурија се врати во Металург

28.06.2019 15:23
12369081_535309549958682_6057189151555562604_n_resize

Во новата сезона боите на Металург ќе ги брани грузиското десно крило Реваз Чантурија (37), кој по девет години се враќа во Автокоманда, каде и ја започна својата интернационална кариера.

Чантурија во Металург дојде во 2004 година од екипата на Шевардени од Тбилиси и остана во текот на следните шест сезони.

По Металург, Чантурија беше дел од Вардар, Зомимак, Пелистер и Струга.

Искусниот Грузиец, кој има и македонско државјанство, со Металург потпиша едногодишен договор.

Прочитано 380 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 10