ХАЏИЕВСКИ ЃОКО

01.12.2011 02:15
k

Металург, својата сила ја влечеше од огромното пријателство кое владееше во екипата и околу нејзе. Тогаш се создаваа доживотни пријателства, какви што денес се скоро невозможни. Ѓоко Хаџиевски, во Металург влезе поради пријателството со Чокрев. Двајцата потекнуваат од Автокоманда, заедно учеа во гимназијата Ѓорги Димитров, заедно заминаа од таму. За разлика од Чокрев, Хаџиевски беше просечен ракометар, но храбар и голем другар. Кога Ѓоко, дадеше гол, славеше цела екипа. Шуки, од Веб страната на Металург, е кум на Ѓоко, а овој пак му е кум на Чокрев. Ѓоко воглавно беше резерва, но тоа не му паѓаше тешко. Од оснивачкиот состав на јуниорската екипа, токму Хаџиевски прв се откажа од ракометот.

Покасно Хаџиевски влезе во туристичкиот бизнис, беше сопственик на ТА Професионал. Денес живее и работи во Бугарија.

Прочитано 229 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 1