Топ Вести

Халил Јагањац денеска го доби признанието за најдобар стрелец во СЕХА-лигата

12.04.2018 16:10
jaganjac-11

Пред почетокот на денешната прес-конференција на СЕХА-лигата во Скопје, извршниот директор на лигата, Синиша Остоиќ, му го додели признанието за најдобар стрелец во лигата на нашиот бек Халил Јагањац.

За СЕХА-лигата посебно е важно што младите играчи напредуваат и се градат во врвни ракометари“, истакна Остоиќ при доделувањето.

Халил Јагањац до признанието за најдобар стрелец во лигата во сезона 2017/18 дојде со постигнати 100 гола.

Напомена: Во СЕХА-лигата најдобриот стрелец се бира според постигнатите голови во регуларниот дел од сезоната, без головите од фајналфор-турнирот, со што сите стрелци во лигата имаат подеднакви шанси, за разлика од Лигата на шампионите каде најдобрите стрелци најчесто потекнуваат од екипите што имаат најмногу натпревари, односно од тие што играат и фајналфор.

.

Прочитано 346 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 13