Хаварија на Струмица во Автокоманда

08.05.2016 15:09
GIL_1494_resize

Во рамките на 5. коло на ракометниот плејоф, во Автокоманда гостуваше екипата на Струмица, голем должник на Металург од минатото првенство. Токму тоа чувство на долг беше и посебен мотив за нашите ракометари, кои мотивирани влегоа во овој натпревар, решени да го декласираат противникот. На крајот, така и испадна, бидејчи Металург славеше со резултат 35:14 (15:7).

Во текот на целата средба Металург имаше доминација, помала на почетокот, апсолутна на крајот. Струмица имаше само едно почетно израмнување, при 1:1, и десетина минути колку, толку, порамноправна игра, се додека нашите ракометари не ги наместија своите нишани, после што шансите бна противнокот се сведоа на нула. До крајот на првото полувреме успеавме да создадеме предност од 8 гола разлика, 15:7.

Во второто полувреме играше само еден тим – Металург. Цели 12 минути го држевме противникот без постигнат гол, а за тоа време постигнавме дури 8. Десет разлика имавме веќе во 32 минута, а 20 гола разлика во 54. минута. Противникот го скршивме со нашата цврста одбрана, диригирана од одличните голмани Дупјачанец и Томовски, и од брзите контранапади, особено на нашите крила Јагуриновски и Палевски.

Металург – Струмица  35:14 (15:7)

Металург: Дупјачанец (14 одбрани), Томовски (7 одбрани), Петров 1, Костески 4, Матиќ 4, Вујовиќ 1, Бувиниќ 2, Кузмановски, Јагуриновски 5, Кукоски 1, Крстевски 3, Талески 5, Пешевски, Палевски 7 и Арсеновски 1.   Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 6 минути.

Струмица: Костески, Наков 1, Милосављевиќ 2, Соколов 3, Атанасов, Димитров, Чизмовиќ, Мастев, Везенковски 1, Тасов и Мајиќ 7.    Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Металари Камер од Скопје.

Прочитано 2.621 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 1 =