Храбрите младинци на Металург сепак поразени од Вардар

24.03.2018 19:56
_DSC0023_resize

Во 11 коло на младинската лига на Македонија, група 1, во Автокоманда гостувааа младинците на Вардар, кои во досегашниот тек на првенството немаат загубено средба. Против нив настапи нашиот Металург, составен од деца по неколку години помали и физички послаби од своите противници. И покрај тоа, видовме одличен ракометен натпревар, рамноправен во најголемиот дел, динамичен и драматичен.

Нашите млади ракометари храбро му се спротивставија на поискусниот противник и во текот на 53 минути сосема рамноправно се носеа со вардарци. Навистина, Вардар најчесто беше во водство, честопати и со четири гола разлика, но Металург секогаш се враќал во игра, а знаел и да го преземе водството.

Средбата е решена во последните седум минути, кога, по неколку грешки на Металург, Вардар успеа да создаде нова предност. Металург брзоплето се обиде да врати, но под притисок на времето зачестија нашите грешки, а Вардар тоа го искористи и не совлада со 6 гола разлика, што и не е реална слика на случувањата на теренот.

.

РК Металург – РК Вардар  26:32 (14:16)

РК Металург: Ацевски, Ивановски, Димевски, Табаковски 4, Донев 2, А.Вељановски, Дуноски 2, Мелоски 3, Јорданов 1, Андревски 2, Б.Вељановски 5, Прентоски 6, Грујоски, Блажевски, Николов 1 и Петровски.    Седмерци: 3/8.   Исклучувања: 4 минути.

РК Вардар: Миланов, Ќосевски 4, Алији, Митевски, Крстевски 6, Давитков, Олтовски, Биковски 1, Тушев, Петковски, Мисаилески 3, Мајсторовски 1, Радуловиќ 1, Ѓоргиев 3 и Наков 13.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.   Црвен картон: Мајсторовски Мартин во 47 мин.

Судии: Дичоски Бојан и Василевски Ѓорѓи од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 575 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 3 =