Хрватска падна во самата завршница, Шпанија е старо-новиот шампион

26.01.2020 20:32

Заврши ЕП 2020 во Авсѕрија, Норвешка и во Шведска, а аврши со истиот ефект како и првенството во 2018 – со титула за репрезентацијата на Шпанија.

Хрватска и Шпанија водеа жестока борба во текот на  целата средба и долго време резултатот одел во корист на едната или на другата репрезентација.

Хрватите беа подобри во првото полувреме, иако го загубија со гол негатива. Имаа постојана предност, често и со три голови разлика, но во финишот не знаеја како да го совладаат фантастичниот де Варгас.

Во вториот дел дојде до пад во играта на Хрватска, што Шпанија го искористи за максимална предност од 4 гола. Сепак, слабоста на Хрватска траеше кратко и таа ефектно се врати во играта преземајќи го водството.

Целото европско првенство се решаваше во последните 100 секунди. Шпанија имаше гол повеќе, но Хрватска беше во напад. За жал, се случија чекорите на Карачиќ, а неговиот поранешен соиграч Душебаев гопостигна последниот гол, по кој се беше јасно.

Шпанија – Хрватска  22:20 (12:11)

Прочитано 586 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − = 1