ХРВАТСКИ “ИНДЕКС“ ГО СМЕСТИ ДЕЈАН МАНАСКОВ ВО СЕДУМТЕ НАЈПЕРСПЕКТИВНИ ЕВРОПСКИ РАКОМЕТАРИ

08.01.2013 23:46
DSC_4509_resize

Хрватски “Индекс“ даде листата во која смести седморица млади ракометари што ги смета за иднина на европскиот ракомет. Меѓу нив е и нашиот Дејан Манасков.

Листата ја сочинуваат: Филип Ивиќ (Хрват, голман – Загреб), Дејан Манасков (Македонец, лево крило – Металург), Павел Пачковски (Полјак, десно крило – Висла Плоцк), Михаел Марсениќ (Србин, пикер – Партизан), Арон Палмарсон (Исланѓанец, лев бек – Кил), Хавиер Бараше (Француз, десен бек – Атлетико Мадрид) и Пабло Симонет (Аргентинец, среден бек – Енкантада).

Како резерви се наведени: Матеја Габер (пикер – Горење), Ваел Џалуз (лев бек – Кил) и Стефан Рафн Сигурмансон (лев бек – Кил).

Фото:

Прочитано 857 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 5