ХУАН КАРЛОС ПАСТОР Е НОВ ТРЕНЕР НА ПИК СЕГЕД

14.01.2013 16:44
Juan_Carlos_Pastor_entrenador_Rayas

По 18 години поминати во Валјадолид, Хуан Карлос Пастор ја промени средината и потпиша двегодишен договор со екипата на Пик Сегед, со можност за дополнителни две години. Пастор ќе преземе својата нова должност налето, а дотогаш клубот ќе го води сегашниот тренер Ласло Скалицки, кој, пак, пред извесно време е прогласен за најдобар тренер во педесетгодишната клупска историја.

Пастор стана трет шпански тренер во Унгарија, по Амброс Мартин (Ѓер) и Антонио Карлос Ортега (Веспрем).

Пастор го предводеше шпанскиот национален тим од 2004 до 2008 година, го освои Светското првенство во 2005 година, го освои сребрениот медал на ЕП 2006 година и бронзениот медал на Олимписките игри во 2008 година.

Од 1995 година тој работи во Ваљадолид, со кој го освои ЕХФ-купот на победниците на куповите во 2009 година, а исто така и Копа Aсобал во 2003 година и двапати шпанскиот Копа дел Реј, во 2005 и 2006 година.

Прочитано 275 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 9 =