И Еурофарм Работник не го издржа налетот на младинците на Металург 2

10.03.2019 18:46
DSC_0053_resize

Во претпоследното, 13, коло на младинското првенство на Македонија, група 2, младинците на Металург 2 извојуваа лесна и убедлива победа против екипата на РК Еурофарм Работник. Средбата се одигра во Автокоманда, а ја добивме со резултат 45:26 (25:12).

Тоа беше дуел во кој противникот немаше никакви шанси, а големата разлика во квалитетот резултираше со високо водство на нашите ракометари уште по првите 30 минути, кои ги добивме со 13 голови предност. Второто полувреме само го потврди високиот пораз на гостинскиот тим, кого го испративме со негатива од дури 19 голови.

Со оваа победа младинците на Металург 2 и математички го обезбедија првото место на табелата, а куриозитет на денешниот натпревар е што на листата на стрелците се запишаа сите наши ракометари, освен вториот голман Мијатовиќ. Во последното коло гостуваме во Прилеп, каде ќе одиграме натпревар без никакво натпреварувачко значење.

Металург 2 со овој ист состав ги игра мечевите од првенството во Првата лига, Куп натпреварите и средбите во младинската конкуренција. Овие наши млади ракометари во текот на еден месец извојуваа десет едноподруго победи, шест во младинска лига и по две во Првата лига и во Купот на Македонија. Честитки.

.

РК Металург 2 – РК Еурофарм Работник  45:26 (25:12)

РК Металург 2: Михајлов 4, Кондев 5, Попов 1, Кофилоски 3, Гошевски 3, Митиќ , Лембанов 2, Ристовски 2, Василевски , Л.Додиќ 1, Гогов 1, Младеновиќ 8, Тодевски 9, С.Додиќ 3, Гајиќ 1 и Мијатовиќ.    Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 12 минути.

РК Еурофарм Работник: Костадиновски, Пејчиновски 1, Најденов 2, Коковски 8, Елмазовски, Петковски, Трсунов 1, Мицевски 2, Мандиќ 2, Талевски, Кенковски 1, Митревски 3, Бардаковски 1, Неданоски, Блажевски 5 и  Атанасовски.    Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Андонов Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје.

Делегат: Зипевски Васил од Скопје.

Прочитано 719 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 7 =