И ИЗВИЃАЧ ГО ТРЕСЕ ФИНАНСИСКА КРИЗА

08.01.2013 15:11
izvidjac_u_ponedjeljak_krece_sa_pripremama2_resize

Финансиската криза не го одмина и најдобриот клуб од Херцеговина, Извиѓач од Љубушки. Клубот на сите ракометари им понуди нови редефинирани договори, а со незадоволните ги раскина постојните договори. Така, клубот го напуштаат браќата Бенјамин и Семјанин Буриќ и Дејан Малиновиќ. Не се отфрла можност да си замине и уште некој ракометар. На првиот тим ќе му се приклучат и неколку ракометари од младинскиот состав.

Семјанин Буриќ беше најдобриот стрелец во тимот на Извиѓач, а само во СЕХА-лига тој постигна 62 гола.

Прочитано 147 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 6 =