И кадетите на Металург ќе играат за седмото место

31.08.2019 18:19
DAR_1519_resize

Кадетите на Металург се вистински трагичари на турнирот во Сараево. Момчињата одиграа три апсолутно рамноправни натпревари во кои долго време беа и подобриот партнер, но на крајот ги загубија сите три средби.

Првиот денешен натпревар го одигравме против хрватската екипа Замет. Овој натпревар мина во рамноправна борба при што Металург во најголемиот дел од средбата имаше водство. На шест минути до крајот водевме со три голови предност. Но, еден промашен седмерец, една испуштена топка, едно исклучување и две стативи, доведоа до комплетен пресврт на овој натпревар, кој го загубивме со резултат 20:24 (11:9).

Најдобри во нашите редови беа Кристијан Ташевски и Александар Петровски, со по пет постигнати голови. Давид Брестовац одбрани пет удари кон својот гол.

—————————-

Вториот денешен натпревар го одигравме со веројатно најдобрата екипа на турнирот, тимот на Борац од Бања Лука. Против најдобриот го одигравме и својот најдобар натпревар. Целата средба мина во огорчена борба, со повремени водства на двете екипи. И тука решаваа детали и тука натпреварот го загубивме во самата завршница. Со мала помош на домашните судии, Борац на крајот славеше со убедливи 17:21 (12:13), иако тоа не ја одразува реалната слика од средбата.

И  на овој натпревар најдобар наш поединец бете Кристијан Ташевски, со четири постигнати гола, додека Тодор Тодоровски постигна три. Голманот Давид Брестовац оваа средба ја заврши со девет одбранети удари.

Прочитано 230 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 3 =