И Македонија “Б“ посилна од кадетите на Бугарија

11.12.2019 16:45

Втората кадетска репрезентација на Македонија, по вчерашниот пораз од Србија, денеска ја забележа и првата победа на меѓународниот турнир на кадетски репрезентација. Совладана е селекцијата на Бугарија, со убедливи 32:25 (17:14).

Македонија “Б“ беше подобра во текот на целиот натпревар и не му даде шанса на противникот. На самиот почеток поведовме со 4:1, а потоа и со 7:3, па со слична разлика и го добивме првото полувреме.

Слично нашите репрезентативци го одиграа и вториот дел од средбата, кое го добивме со резултат 15:11, или вкупно 32:25.

Македонија “Б“ утре ќе го одигра и својот трет натпревар, а противник ќе ни биде селекцијата на БиХ.

.

Македонија “Б“ – Бугарија  32:25 (17:14)

Македонија: Ивановски, Димовски 2, Чакалиќ 4, Илиев 2, Ивановски 3, Митревски 1, Додевски 2,  Николов, Мелоски 3, Трајкоски 8, Калајџиевски 1, Михајловски, Стојковиќ, Димевски 5, Донев, Јанчев, Костовски 1 и Киселовски.

Прочитано 99 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 1