И официјално е одложен натпреварот меѓу Металург и Висла Плоцк во Лига Европа

23.10.2020 20:47
117602671_3561338523877312_7528673823725425023_n_resize

И официјално е одложен натпреварот од второто коло во Лига Европа, меѓу Металург и Висла Плоцк, кој требаше да се одигра претстојниот вторник во Скопје.

ЕХФ денеска позитивно одговори на нашето барање натпреварот со Висла Плоцк да биде одигран во друг термин.

По вчерашниот позитивен тест кај еден од нашите ракометари, Металург реши да оди во 14-дневна изолација и за новонастанатата состојба го извести ЕХФ, кој пак постапи стандардно за ваква ситуација и ја одложи средбата, со напомена дека ќе се бара нов термин за овој натпревар.

Прочитано 128 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 7