И ПАПИЛОН СО МАКСИМАЛЕН БРОЈ НА БОДОВИ

07.05.2012 00:53
DSC_0206_resize

Во првиот натпревар во генерација 2000/2001, денес екипата на Папилон дојде до својата втора победа. Овој пат настрада тимот на Пелистерка Кола кој го доживеа својот втор пораз и кој своите први бодови ќе мора да ги бара во некое од наредните кола.

Својата победа Папилон ја извојува во првото полувреме во кое постигна 6 а прими само еден гол. Вториот дел помина во рамноправна игра и заврши со нерешен резултат. Јунак кај победникот беше малиот Максимовиќ кој постигна големи 6 гола, додека кај поразениот се истакна Трајковски со 3 прецизни удари.

Пелистерка Кола – Папилон   4:9  (1:6)

Пелистерка Кола: Атанасовски, Ристевски 1, Мајсторовски, Ступар, Трајковски 3, Соколов, Томчевски, Силјановски и Папеш.   Тренер: Слободан Чивлачки.

Папилон: Божиновски, Ристовски, Максимовиќ 6, Стојковски, Димовски 1, Чиплаковски, Каранфиловски, Кондев 1, Трајковски, Илиевски, Новокмет 1 и Златановски.      Тренер: Силвана Миленковиќ.

Судија: Кристијан Павловски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 257 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3