И подмладената Македонија доволно силна за победа над Турција

22.10.2019 20:48
Capture

Македонија ја совлада Турција во Ескесехир, во првиот од четирите пријателски натпревари што се планирани за време на ЕХФ-неделата.

Македонија во Турција отпатува во комбиниран и силно подмладен состав, но тоа не се одрази на квалитетот. Македонија победи со резултат 26:23 (15:11) во меч во кој во текот на сите 60 минути имавме комплетна контрола врз играта и резултатот.

Нашата селекција средбата ја почна со водство од 3:0 и таа разлика константно ја одржуваше во текот на првото полувреме. Во првото полувреме имавме и максимални +4, со кои и заврши овој прв дел од мечот.

Во второтополувреме имавме и максимални +6, 20:14 во 41. минута, а истата разлика ја имавме и при 22:16. Победата на Македонија, изразена со три гола разлика, 26:23, е сосема заслужена.

Најпрецизен во нашите редови беше Жарко Пешевски, кој постигна 8 гола. Во составот на Македонија беа и четворица ракометари на Металург, а од нив најмногу покажа Марио Танкоски, со 4 постигнати голови.

Македонија утре ќе одигра натпревар со селекцијата на Италија, а потоа ќе се врати дома. Во Скопје, засилена со петмина искусни интернационалци, Македонија ќе одигра и две средби со селекцијата на Грузија.

.

Турција – Македонија  23:26 (11:15)

Македонија: Томовски, Кизиќ, Димитриоски 1, Костески, Танкоски 4, Крстевски 1, Кукуловски, Поповски 6, Младеновиќ, Пешевски 8, Јагуриновски 1, Маџовски 4, Димитриевски, Мишевски 1, Арсеновски и Велковски.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 2 мин.

Прочитано 618 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 4