И РК МЕТАЛУРГ ЈА СТАРТУВАШЕ НОВАТА СЕЗОНА

25.07.2012 18:27
291696_338566956219292_931333700_o

Веднаш по девојките од ЖРК Металург, на теренот во салата “Автокоманда“ излегоа и ракометарите на РК Металург. Екипата одржа состанок на кој тренерот Лино Червар ги изнесе своите планови за почетокот на сезоната и го претстави новиот кондиционен тренер Валтер Вулета кој дојде на местото на Даниел Јуришиќ.

Сем Дарко Станиќ кој е дел од српската селекција на ОИ во Лондон, на тренингот присуствуваа сите ракометари. Радува враќањето на повредените Дамир Батиновиќ и Младен Ракчевиќ. Батиновиќ е целосно подготвен додека Ракчевиќ е во завршната фаза од рехабилитациониот процес.

Свој прв тренинг со екипата одржаа и засилувањата Тихомир Додер и Милан Вучичевиќ.

Веќе од утре екипата ќе има по два тренинга.

Прочитано 874 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 17