И ТОА Е МОЖНО – МЕТАЛУРГ И ВАРДАР ОДИГРАА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

04.09.2012 20:21
77

Односите помеѓу Металург и Вардар ПРО ѝ се добро познати на македонската јавност. Често затегнати, понекогаш и презатегнати. Затоа, како бомба одекна веста дека нашите најсилни ракометни колективи ќе одиграат пријателска средба, прва во последните две децении. Идејата потекна од претседателот на Металург, Ристо Чокрев, и, рака на срце, веднаш беше прифатена од тренерот на Вардар ПРО, Веселин Вујовиќ. Ваквиот натпревар е во интерес на двата клуба, кои забрзано се подготвуваат за почетокот на новата сезона.

Речено-сторено, денеска, во 18 часот, двата тима одиграа пријателска средба во СРЦ „Кале“. Одиграа максимално коректно, но и максимално борбено. Двајцата тренери испробаа повеќе тактички варијанти и во разни ситуации ги изротираа сите ракометари што им беа на располагање.

Се играа три третини од по 20 минути и, иако резултатот е најмалку важен, победија ракометарите на Вардар ПРО. Првата третина ја доби тимот на Вардар, втората заврши нерешено, а третата ја доби екипата на Металург.

По подолго време во составот на Металург се појави и Дарко Станиќ.

РК Вардар ПРО – РК Металург  24:23 (8:5, 8:8, 8:10)

РК Вардар ПРО: Милиќ, Чаневски, Мартиновиќ, Ојлески 2, Маркоски 1, Стоилов 1, Димитровски 1, Недановски 1, Прибак 3, Раковиќ 4, Петриќ 6, Јовчевски 1, Марковиќ 2, Лазаров, Карачиќ 2, Абутовиќ и Дачевиќ.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 0 минути.

РК Металург: Станиќ, Ангелов, Митревски, Димовски 3, Наумовски, Левов, Георгиевски, Козлина 5, Манасков 3, Миркуловски 3, Маркоски, З.Мојсоски 1, Додер 1, Н.Мојсовски 6, Стоилов, Батиновиќ 1, Јоновски, Алушовски и Вучичевиќ.     Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 0 минути.

Судии: Карбеска Силвана и Илиевска Марија

Прочитано 1.121 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 6