И Вардар жртва на “убиецот на фаворитите“

27.05.2018 00:03
33575138_10155745191483666_6749243765078097920_o_resize

Второто полуфинале во Келн донесе ново изненадување – екипата на Монпелје го совлада се уште актуелниот шампион на Европа Вардар. Двете денешни полуфинални средби уште еднаш покажаа дека финалниот турнир во Лигата на шампионите е најнепредвидливиот ракометен настан на светот. До вчера најголемите фаворити, Вардар и ПСЖ, ќе се сретнат, но во борбата за третото место.

Монпелје е најпријатното изненадување во Лигата на шампионите и е единствен тим кој успеа да тргне од послаба група и да стигне до самото финале.

Монпелје денеска го надигра македонскиот шампион и имаше целосна контрола врз настаните на теренот во текот на целата средба. Вардар одигра испод потребното ниво, а најслабите алки во тимот на се уште актуелниот шампион беа голманите, со вкупно пет одбранети удари, премалку за успех.

Утре Вардар ќе се сретне со екипата на ПСЖ во борбата за третото место, а за пехарот ќе се води борба меѓу екипите на Монпелје и на Нант.

Вардар – Монпелје  27:28 (11:14)

 

Прочитано 322 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 3