ИАКО МАЛКУ ПОТЕШКО, МЕТАЛУРГ СТИГНА ДО НОВА ПОБЕДА

12.05.2012 21:39
DSC_0062_resize_resize

Малку потешко од очекуваното РК Металург ја помина и предпоследната пречка во одбраната на титулата во домашното првенство. Екипата на Куманово е совладана со резултат 31:17, полувреме 13:12. Меѓу нас и Вардар ПРО веќе нема никој и останува во директниот судир да си ги расчистиме меѓусебните сметки.

Екипата на Куманово се покажа како “тврд орев“ и не залудно е трета по квалитет екипа во Македонија. Долго, цело прво полувреме, се кршеше отпорот на жилавите кумановци. Се играше гол за гол и екипите постојано се менуваа во водство.

Во второто полувреме видовме сосема поинаков натпревар. Металург многу посериозно пристапи кон играта и тоа беше крај за гостинските амбиции. Наскоро разликата почна рапидно да расте се до крајните +14.

Денес гости на Металург беа децата од Булачани. Со својата појава и со своето навијање, тие ги воодушевија сите присутни во салата.

РК Металург – РК Куманово  31:17  (13:12)

РК Металург: Станиќ, Митревски, Левов, Димовски, Марковиќ 5, Наумовски, Георгиевски 2, Козлина 3, Манасков 9, Миркуловски 2, Маркоски, З.Мојсоски 2, Н.Мојсовски 6, Стоилов, Стојчевски 2 и Алушовски.     Седмерци: 2/4.       Исклучувања: 2 минути.

РК Куманово: Ивановски, Спасиќ, Јордановски, Блажески 1, Димитриевски, Тасевски 3, Јанев, Кузмановски, Трајковски 2, Миладиновски, Димитриевски 6, Б.Трајковски, Димковски, Георгиевски 4, Петров 1 и Ордев.

Судии: Куртовиќ Цано и Георгиевски Митко од Скопје.

Делегат: Начевски Ристо од Скопје.

Прочитано 408 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =