Топ Вести

Идеален тим на регуларниот дел на СЕХА-лигата

21.03.2019 17:15
3649_1537986346-610x406

По завршувањето на натпреварите од регуларниот дел на сезоната, СЕХА-лигата го објави идеалниот тим на СЕХА-лигата, според гласовите на капитените, во кој не се најде место за ракометари на Металург.

Зачудува фактот што во идеалниот тим не се најде место за најдобриот стрелец во лигата – левиот бек на Војводина Милош Грозданиќ, кој сезоната ја заврши со рекордни 102 постигнати гола.

.

Идеален тим на регуларниот дел на сезоната:

Лево крило   Тимур Дибиров Вардар
Лев бек Петар Џорџиќ Мешков Брест
Среден бек Игор Карачиќ Вардар
Десен бек Даинис Кристопанс Вардар
Десно крило Златко Хорват ППД Загреб
Пикер Марин Шипиќ Нексе
Голман Дејан Милосављев Вардар
Тренер Маноло Каденас Мешков Брест

За МВП на регуларниот дел на сезоната е избран Златко Хорват од ППД Загреб.

За најдобар дефанзивец е избран Павел Хорак од Мешков Брест.

Прочитано 111 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 4