Идеалниот тим на Металург, според изборот на Данецот Расмус Бојсен

29.04.2020 16:27
radost mji 07_resize

Данскиот ракометар, Расмус Бојсен, го објави својот избор на идеалниот тим на Металург, од времето кога нашиот клуб беше битен фактор на меѓународната сцена.

Тимот избран од Расмус Бојсен изгледа моќно и во него немаше место дури и за такви светски ракометни имиња како Циндриќ, Атман, Борозан, Марсениќ, Димовски, Илиќ и други.

GIL_5564_resize

На голот Бојсен го стави Дарко Станиќ, кој своите најдобри партии во кариерата ги имаше токму во Металург. На крилните позиции се поставени македонските репрезентативци Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, додека бековската линија ја сочинуваат Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец. Најдобар пикер е Младен Ракчевиќ, а за најдобар дефанзивец е поставен Ацо Јоноски. Најдобар тренер е очекувано Лино Червар.

.

bojsen-metalurg_resize

Прочитано 590 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 4