ИДНИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ОД СТРУГА

19.12.2012 19:43
IMG_6803_resize

Преземено од “Нова Македонија“.

Раководството на ракометниот шампион Металург го забележа квалитетот со кој располага ракометната школа Јуниор од Струга и ја вклучи во работата на својата Ракометна академија.

Со школата раководи професорот Јаковче Матлиески, кој ни откри дека токму тука своите први ракометни чекори ги направиле нашите познати ракометни репрезентативци Наумче и Златко Мојсовски, Јоновски, Ѓоргоноски и еден од најдобрите млади репрезентативци, Марко Нелоски.

Матлиескисекојдневно работи на откривање нови таленти, кои еден ден ќе ги заменат нивните идоли Мојсовски, Миркуловски, Алушовски, Станиќ…

“Целото свое слободно време им го посветувам на децата од ракометната школа и се трудам со своето искуство и знаење да им помогнам да станат врвни ракометари, кои еден ден достојно ќе го носат дресот на нашиот шампион Металург и на репрезентацијата на Македонија. Верувам дека овие деца што тренираат тука ќе успеат да направат големи успеси“, вели професорот Матлиески.

Тренинзите за младите ракометари се одржуваат секојдневно во спортската сала во Струга и секое дете што сака да ги научи тајните на ракометот низ игра и забава е добредојдено во овој клуб.

Автор: М.Т.

Прочитано 538 пати

(1) Коментар

  1. rakovodstvoto na metalurg vo planovite za narednite godini da gi opfati i skolite od drugite gradovi kakov sto e slucajot so struga (objavata od dek 2012 za skolata predvodena od prof. matlieski) i istite da gi potpomogni barem vo topki, dresovi so amblemi na metalurg, posreduvawe vo dogovaranja na prijetlski medzu skolski sredbi, da gi identifikuvate nadarenite deca za rakomet i istite da gi vklucite vo planovite za natamosniot razvoj na metalurg i dr. nesta od nas interes a pri toa pratejci go rastot i razvojot na decata. napomenuvam deka segasniot razvoj treba finansiski da se pomogni od roditelite i ne sekoj roditel raspolaga so pari a upravata na metalurg so mala investicija ke ima rasadnik na rakometari za svojata idnina.
    blagodaram, roditel

Напишете коментар


4 + = 9