Игор Котевски ќе го води Металург 2

30.07.2019 14:18
DAR_9507_resize

Екипата на Металург 2, повратник во македонската Суперлига, во новата сезона ќе ја предводи Игор Котевски.

Котевски минатата сезона ја тренираше екипата на Бутел, со која постигна одлични резултати, а во Металург 2 доаѓа на местото на Раде Стојановиќ, кој, пак, од оваа сезона ќе го предводи тимот на Охрид.

Котевски е млад и амбициозен стручњак, кој ќе раководи со расадникот на таленти и главниот дистрибутер на млади ракометари за во првиот тим на Металург.

Котевски првиот тренинг го закажа за 5 август, со почеток во 19.30 часот, кога и ќе стане познато со кој ростер ќе настапува нашиот втор тим и каков ќе биде планот на подготовките за претстојната сезона.

Мило ми е што ќе го предводам Металург 2, екипа која традиционално е извор на ракометни таленти. Се надевам дека ќе успеам од нив да направам и подобри играчи и подобри луѓе. Првенството е долго и тешко, но ќе сторам се за да обезбедам опстанок за својот тим. Се уште не знам со кој ростер ќе располагам, но во следниот период и тоа ќе биде расчистено“, вели новиот стратег на Металург 2.

Прочитано 623 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 5